Внукот на најпонзатиот њујоршки мафијаш дебитира во ММА рингот (ФОТО)

Американските медиуми пишуваат дека внукот на еден од најпознатите и најозлогласените њујоршки мафијаши ќе дебитира во професионалниот ММА ринг за две недели, односно на 27 октомври.

Станува збор за Џон Готи III, внук на Џон Готи, њујоршки криминалец, кој е осуден во 1992 година и во затвор го поминува остатокот од животот (умир од природна смрт во 2002 година). Готи III ќе дебитира во MMA рингот токму на денот кога неговиот познат дедо требаше да го слави 77-от роденден.

Готи ќе настапи на ЦЕС/CES 46 во Линколн Фолс, САД, а неговиот противник ќе му биде Џони Адамс (0-1) во велтер категорија.

„Ја избрав ЦЕС промоцијата бидејќи знам неколку борци кои се борат за таа организација. Слушнав дека е лесно да се работи со нив и дека се работи за многу квалитетни приредби. Штом ќе дознав дека имаат приредба на 27 октомври, веднаш кликнавме. Важноста на овој датум е дека станува збор за  77-тиот роденден на мојот дедо, а јас на овој начин сакам да му оддадам почит“, рече Готи по повод своето деби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО