Еди Браво потврди: 99,9 отсто дека Мек Грегор ќе се бори против Фергусон!

БЏЏ легендата, а воедно и граплинг тренер на привремениот УФЦ шампион во лесна категорија, Тони Фергусон, Еди Браво, ги потврди информациите дека токму „Ел Кучи“ ќе биде следниот противник Конор Мек Грегор.

Гостувајќи на радио БЈПен, основач на „10 планети“ БЏЏ салата изјави дека верува оти Фергусон сега е поатрактивен противник Нејт Дијаз, кој беше релативно сигурна кладба кога станува збор за следниот „потег“ на Ирецот.

„Верувам дека е 100 отсто сигурна работата, според она што го кажа Дана Вајт. Луѓето велат дека Конор сигурно ќе се бори против Нејт, но факт е дека Дана Вајт јавно не го споменал тој меч. А очигледно е дека немаше договор и никкави преговори околу тој меч. Тоа е целосно интернет серење. Дана нагласи дека Конор мора да се бори против Тони или дека мора да го ослободи појасот. Конор никогаш не бега од меч. Би рекол дека шансите се 99 отсто дека овој меч ќе се случи“, рече човекот кој го измисли неколку БЏЏ потези како „twister“ ili „rubber guard“.

Браво верува дека средбата би можела да се случи уште во 2017 година. Тони очигледно е подготвен!

„Не сум сигурен. Но, верувам дека Тони е подготвен. Според она што тој го кажа во интервјуата, тој е подготвен за средба до крајот на годината. Можеби меч на Нова година би бил добра идеја. Зарем не? Тоа е борба која мора да се случи! Ел Кучи наспроти Конор Мек Грегор. Па, тоа е заебан меч. Тоа е најдобрата можна опција“, заклучи легендарниот тренер.

И Дана Вајт по УФЦ 216 изјави дека би требало Мек Грегор да се обиде конечно да ги обедини појасите во лесна категорија. Но, не е јасно дали станува збор за преговорачка тактика или вистински УФЦ план. Да се потсетиме дека шефот на УФЦ во блиското минато изјавуваше „со полна одговорност“ дека Мек Грегор сигурно нема да се бори против Мејведер, дека Биспинг нема да го брани појас против ЖСП, дека Џонс и Кормиер нема да биде „главен настан“ на УФЦ 214, дека Нунес и Шевченко сигурно нема да бидат главната борба на УФЦ 215 … Дали и понатаму да набројуваме?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО