Внукот на Мухамед Али ја извојува осмата победа од осум борби

Внукот на еден од најголемите боксери на сите времиња, Мухамед Али, ја доби осмата борба во кариерата.

Нико Али Волш го победи Едуардо Ајала со одлука во една од воведните борби на настанот во Десерт дајмонд арена во Аризона. Нико има 22 години и е син на Рашеда Али, ќерката на Мухамед Али кој имаше вкупно девет деца.

Нико Али Волш сега има беспрекорен скор во боксерската кариера, со осум победи во осум борби. Дебито го имаше во август 2021 година, кога имаше само 20 години. Пред борбата против Ајала, Нико му посвети неколку зборови на својот дедо, без кој никогаш немаше да почне да боксира.

„Кога бев мал, удирав во боксерската вреќа со него. Свесен сум дека секогаш ќе имам мета на мојот грб. Од моето раѓање сум под притисок, отсекогаш сум го чувствувал. Сите очекуваат од мене да бидам одличен боксер. Сите би сакале да нокаутирам кога ќе слушнат дека сум внук на Али“, изјави Нико по борбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО