Владимир Јовановски освои сребрен медал на ЕП во традиционално карате во Романија

На Европското првенство во традиционално карате во Јаши, Романија, Владимир Јовановски освои сребрен медал во борби за сениори, а во кати беше петти.

Јовановски извојува три победи, а во финалето загуби од Романец.

„Не примив удар, загубив на казнени поени“, вели Јовановски.

На ЕП (15-16 мај) настапија каратисти од 18 држави, организирано од Европската традиционална карате федерација (ЕТКФ).

Македонија настапи со 5 каратисти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО