ВКФ го кани ИТКФ во своето јато ако сакаат учество на Олимписките игри 2020 во Токио

Emil i Martin so znameto

Светската карате федерација (ВКФ) и официјално го потврди ставот на претседателот на Техничаката комисија, Масао Кагава, кој во ескклузивно интервју во август минатата година за Ipon.mk рече дека сите што сакаат да бидат дел од олимиското карате мора да се приклучат на ВКФ. Така, од ВКФ велат дека каратистите од целиот свет ќе можат да се натпреваруваат во квалификациите за Олимписките игри во Токио, во 2020 година, доколку овој спорт добие зелено светло за вклучување во олимпиското семејство.

Emil za bronza so Antik srbija na EI

Во обид да се обедини како спорт кој имал проблеми во минатото поради поделеноста, ВКФ во соопштението вели дека е „за отворање на патишта“ на сите спортисти во светот. Овој потег дава можност за учество на сите во она што треба да биде историско деби на каратето како олимписки спорт. Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) треба да гласа за ова прашање на седницата пред Рио 2016 (2-4 август). Сите пет предложени спортови – карате, софтбол, спортско качување, сурфање и скејтбординг – се очекува да бидат прифатени, но одлуката треба да се верифицира на седницата.

emil so znameto gro plan na EI

„Во пресрет на одлуката од страна на МОК за вклучување на каратето во олимписката програма за Олимписките игри во 2020 година во Токио, ВКФ манифестира политика на отворени врати за сите каратисти од целиот свет, со цел да учествуваат во процесот на олимписките квалификации“, објави ВКФ.

„По ова, ВКФ ги отвора патиштата за секој каратист во светот да има можност да ја претставува земјата на Олимписките игри во 2020 година. Оваа акција претставува уште една потврда на добрите намери за соединување на карате-семејството под чадорот на ВКФ“.

Momnet na proslava so Martin na EI

ВКФ е движечка сила во кандидатурата на каратето да стане дел од олимписката програма, но и други тела во рамките на овој спорт, вклучувајќи ја и Меѓународната традиционално карате федерација (ИТКФ).
ВКФ смета дека тие ги претставуваат околу „98 отсто” од каратистите од целиот свет, но ги отвораат олимписките квалификации за да им овозможат и на „другите два отсто“ да учествуваат.

Системот на квалификации треба да се утврди, и тоа најдоцна до Генералното собрание на ВКФ, пред Светското првенство во Линц во октомври. ВКФ турнирите, вклучувајќи го и Светското првенство, се состојат од пет машки и пет женски категории, со цел да се прилагодат на барањата на ИОК. Првичниот предлог беше да бидат застапени сите 10 категории, кои беа вклучени на Европските игри во Баку, во јуни минатата година, пред да бидат намалени на осум. На крајот, шест категории е предлогот за „Токио 2020“.

Овој повик се однесува и на македонското карате, во кое паралелно егзистираат две федерации – Карате федерацијата на Македонија што е под капата на ВКФ, но и „традиционалистите“.

Македонија има извонредни каратисти и ако овој спорт биде примен на Игрите по четири години, ќе биде голема шанса и за олимписки медал. На ЕИ во Баку, бронзени медали освоија Мартин Несторовски и Емил Павлов.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО