ПЕТРА МАТИЈАШЕВИЌ: Задоволна сум и среќна сум од бронзата со златен сјај од ЕП!

130

Petra bronza na EP 2016 Montre

Петра Матијашевиќ го освои историскиот бронзен медал за Македонија на Европското првенство во таековондо за сениори во Монтре-Швајцарија. Таа очекува вајлд-карта од Меѓународниот олимписки комитет за учество на Олимписките игри во Рио де Жанеиро ова лето, а и Македонскиот комитет испрати барање за нејзината виза за Олимпијадата.

Матијашевиќ пред една година зема македонско државјанство, како медалистика ЕП во Манчестер 2012 кога го освои брозениот медал за Хрватска, да освои медал и за Македонија, но и да обезбеди олимписка норма.

Ipon.mk направи ексклузивно интервју со носителката на првиот медал за Македонија во таеквонод од ЕП и СП.

Matijasevic na piedestal na EP 2016 Montre

Дали ова беше вашата најдобра шанса за медал уште откако го зеде државјанството на Република Македонија?

– Да, ова беше мојот најдобар шанса за медал откако настапувам под македонското знаме. Додуша, минатата година настапив и на Светското првенство, но самиот настап до последен момент беше под знак прашалник, бидејќи се уште не го имац македонскиот пасош. Тогаш околностите беа поинакви, тоа беше многу тежок период за мене, физички, ментално и емоционално и беше нереално да се очекува резултат, без оглед на добрата форма. Инаку, во меѓувреме, во септември во Турција освоив уште еден бронзен медал за Македонија, и тоа Гран-при турнирот, кој по силината и квалитетот е веднаш по светските и европските првенства, така што ова Европско првенство, всушност, не е прв да се гледа македонското знаем на доделување на медали во голема таеквондо натпреварување.

Дали можеше и повеќе, ако се знае дека неодамна ја победи олимписката шампионка Милица Мандиќ и во финалето да бориш со вашата сонародничка Ива Радош?

-Секако, останува мала доза на жалење по оваа бронза заради впечатокот дека се можеше и понатаму, до крајот. Во борбата на двајца врни борци пресудуваат ситници, една грешка и мал пад на концентрацијата го одлучуваат победникот. Иако се чувствував феноменално на татамито оваа недела (мисли на изминатиот викенд-н.з.) во Швајцарија треба бидам задоволна и среќна со овој исход и бронзата со златен сјај, што дефинитивно и сум.

Petra so medalot vo Split

Дали со бронзениот медал и се оддолжи на Македонија?

-Јас сум и на Теквондо федерација на Македонија и на Македонскиот олимписки комитет многу благодарна за можноста што ми ја дадоа пред точно една година. Од натпреварување до натпреварување со настапите се трудам да го промовирам македонското таеквондо, а со овој настап и резултат повеќе од сигурно го подигнав нивото на македонското таеквондо за едно ниво, затоа што е запишано на листата на земји кои освоиле европски сениорскиот медал.

Ова е прв медал за македонското таеквондо на европските и светските првенства. Какви беа реакциите? И што сега?

-Реакциите се феноменални. Имено, во Македонија има многу талентирани деца кои практикуваат таеквондо и многу фанови на овој спорт и ентузијасти кои работат, за да овој спорт се подигне на повисоко ниво и да ја добие заслужената поддршка. Се надевам дека овој мојот резултат и сите идни резултати во мојата кариера ќе придонесат за тоа.

Во план е што поскоро, со оглед на моите спортски обврски и распоредот на работата, поради тоа сум вработена со полно работно време во Сплит, да го посетам Скопје и да поминам некое време со децата и да им пружам поддршка во нивните спортски патишта.

Неодамна за хравтските медиуми изјави дека чекаш олимписка вајлд-карта, односно дека чекаш разрешница на азискиот квалификациски турнир (МОК исто така побара валјд-карта за неа-н.з.). Како ти си чини, дали си поблиску до Олимписките игри во Рио?

-Се сомневам дека овој резултат може да го промени исходот околу вајл – картата. Имено, одлуката се уште ја чекам и се надевам. Јас сум непоправлив оптимист и не постојат зборови со кои ќе се опише мојата среќа во случај да валјд-картата стигне на адресата на МОК на мое име. Тоа дефинитивно ќе биде исполнување на соништата.

Petra taekwondo_marjan

Исто така изјави дека тешко ќе одработиш уште еден олимписки циклус со оглед на твоите години, а и тоа дека работиш за да се занимаваш со таеквондо, бидејќи, како што рече, тоа е аматерски спорт и дека не обезбедува заработувачка. Дали го промени мислењето или меѓународната стипендија што ќе ја добиеш за бронзениот медал на Европското првенство ќе те предомисли во донесувањето на конечната одлука?

Искрено, не калкулирам, ниту имам информации во однос на наведената стипендија. Факт е дека таеквондото е аматерски спорт во кој нема никаква заработувачка, а патните трошоци, натпреварувањата, подготовките и опремувањето поприлично високи. Сепак, јас се бавам со таеквондо со чисти мотиви, тоа е мојата страст.

Имам 27 години и никогаш подобро не сум се чувстувала психо-физички од сега. Одлична комбинација на младоста и зрелоста и додека се чувствувам така, а ќе тренирам и ќе се натпреварувам на високо ниво и ефикасно, како и сега.

Ќе трае мојата спортска кариера. Навистина не знам дали е тоа уште една година или целиот олимписки циклус. Но, во прилог на продолжувањето на мојата спортска кариера, оди и фактот дека од неодамна сум вработена и го освоив овој медал, што е доказ дека сум во врвот на европското и светското таеквондо.

Ipon.mk/В. Донев