Витомир Трајковски освои бронзен медал на Светски игри на боречки спортови

Витомир Трајковски освои бронзен медал на Светски игри на боречки спортови во Ријад, Саудиска Арабија.

Репрезентативецот Трајковски во полуфеналето беше поразен од Анас Алзахрани (Саудиска Арабија) 1-7 и така ја освои бронзата. Во А-група Витомир имаше две победи и пораз.

Освојувањето на бронзениот медал е извонреден резултат за овој млад спортист
на Макпетрол, кој веќе во континуитет остварува врвни спортски резултати.
Да потсетиме дека Витомир Трајковски е актуелен светски вицешампион од Коња, Турција за 2022 год за (У21). На Европското првенство оваа година во
Кипар, Ларнака (У21), тој се закити со бронзениот медал, на Светската премиер
карате лига во Атина во сениорска конкуренција исто така го освои бронзениот
медал, а сега го освојува и бронзениот медал од Светските игри во Ријат,
Саудиска Арабија (У21).

Вториот наш каратист Стефан Стојановиќ во Б-група имаше победа и два порази.

Во Саудиска Арабија на Светските игри на боречки спортови се застапени 16 боречки спорта. Во секој спорт и во секоја тежинска категорија учествуваат само првите осум спортисти, оние кои се најдобро рангирани на своите светски ранг листи.

На игрите учествуваат 1700 спортисти во 16 спорта од 80 држави.

Резултати:

-84 кг А-група

Витомир Трајковски – Габриел Мендоза (Венецуела) 3-2
Витомир Трајковски – Мехди Срити (Мароко) 3-6
Витомир Трајковски – Максим Бухаијов (Украина) 3-1
Полуфинале
Витомир Трајковски – Анас Алзахрани (Саудиска Арабија) 1-7

+84 кг Б-група

Стефан Стојановиќ – Дијас Анарбеков (Казахстан) 0-1
Стефан Стојановиќ – Нури Абдалсалам (Либија) 1-0
Стефан Стојановиќ – Санад Суфјани (Саудиска Арабија) 2-6

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО