Виталиј Кличко: Владимир премногу чекаше и не си ја напишал домашната задача (ВИДЕО)

Vitalij do Vladimir vo Dizeldorf

Виталиј Кличко одблизу го гледаше поразот на неговиот брат Владимир од Тајсон Фјури за светските титули во тешка категорија. Бато не престана да дава охрабрувачки совети за време на 12-те рунди на Есприт арена во Дизелдорф.

„Фјури беше подобар. Ќе го анализира мечот, но Владимир ќе се врати уште посилен. Премногу чекаше. Треба да си активен, да ризикуваш повеќе во борба од блиска дистанца. Тајсон е само добар боксер. Има нерационален стил, а Владимир не си напиша домашната задача“, рече Виталиј.

Во договорот за средбата има задолжителна клаузула за реванш. Се очекува двајцата боксери повторно да се сретнат во 2016 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО