Виталиј Кличко: Ако Владимир е психички концентриран, никој не може да го победи

 

Поранешниот светски шампион на ВБЦ во супертешка категорија, Виталиј Кличко, зборува за предностите и слабостите на својот брат Владимир Кличко, кој на 29 април ќе се стретне со шампионот на ИБФ, Ентони Џошуа, пред 90.000 гледачи на стадионот „Вембли“ во Лондон. Според баткото, ако Владимир е концентриран сто проценти, тогаш противник нема да има шанса во претстојната битка.

„Ако Владимир е психички концентриран, никој не може да го победи. Еден од најголемите проблеми со брат ми е недостатокот на 100-процентна концентрација. Тоа се случи при поразот од Тајсон Фјури. Знам дека Владимир поседува одлична техника, има добра кондиција и поседува одлични удари. Но ако не е концентиран, ќе има проблеми“, изјави Витали за Фајт хаб ТВ.

Виталиј Кличко истакна дека Ентони Џошуа има одлична перспектива во професионалниот бокс.

„Тој е млад, силен, гладен за победи. Тој е одличен боксер со перспективна иднина. Но, сега мора да ја докаже својата сила и да ги демонстрира своите вештини во борбата со брат ми“, додаде постариот Кличко.

Виталиј не откри какви совети би му дал на брат му, исто така призна дека да се биде боксер е многу полесно отколку да се занимава со политика.

„Кои совети ќе му ги дадам на Владимир пред дуелот со Ентони? Тоа е главна тајна. Како се чувствувам по завршувањето на мојата кариера? Јас ќе ви кажам дека да бидам шампион на ВБЦ е многу полесно отколку да се занимавам со политика“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО