Џон Хендрикс имаше успешно деби во средна категорија (ВИДЕО)

Поранешниот шампион на УФЦ во полусредна категорија, Џони Хендрикс (САД), направи успешно деби во средна категорија против искусниот Хектор Ломбард (Куба).

Американецот имаше проблеми во првата рунда од мечот, кога не успеваше да го лседи темпото на својот ривал. Кубнецот зададе многу прецизни удари. Ја придодаде и подобрата борба на партер во втората рунда, кога Хендрикс се разбуди и зададе многу добри колена, кои станаа клучни за пресврт. Во третиот дел Американецот повторно беше по настојчив, додека силите на 39-годишниот Ломбард беа при крај.

На крајот судиите со едногласна одлука победата му ј а доделија на Хендрикс (30-27, 29-28, 29-28).

https://youtu.be/WvPgaI3h5os

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО