Витали Кличко меѓу новите членови на Меѓународната боксерска куќа на славните

Меѓународната боксерска Куќа на славните и музејот ги објави имињата на новите членови за 2018 година.

Тоа се поранешниот светски шампион во тешка категорија на Виталиј Кличко, светски шампион во четири тежински категории, Ерик  Моралес и двократниот светски шампион во полусредна категорија Роналд Рајт.

Приемот во Куќата на славните ќе се одржи од 7 до 10 јуни во Канастота, во државата Њујорк.

Освен боксери, во Куќата на славните се примени и германскиот промотор Клаус-Петер Кол и телевизиските коментатори Стив Алберт и Џим Греј.

Постхумно во Куќата на славните влегуваат Сид Терис, како и најавувачот Џони Ади и промотерката Лорен Шаргин.

Новите членови се избрани со гласање на новинарите од Здружението на боксерските новинари и членови на жирито составено од историчари на боксот.

https://youtu.be/j0RCsynXm0w

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО