За Вардар пет медали, Рамазан Гаџиханов најдобар борач на „Победник 2017“ во Белград (ФОТО)

Вардаровите борачи освоија пет медали – 3 златни, 1 сребрен и 1 бронзен на Меѓународниот боречки турнир „Победник-2017“ во Белград, Србија, а Рамазан Гаџиханов е прогласен за најдобар борач на турнирот.   

Кадетот Рамазан Гаџиханов беше доминантен и сите четири борби ги доби супериорно со  технички туш. За најдобра беше екипата на Иран

Златни медали освоија: Марија Неделковска (46 кг), Идриз Идар (54кг) и Рамазан Гаџиханов (63 кг); сребрен Марија Спировска (40 кг) и брозен Стефан Димчевски (74 кг).

На турнирот во слободен стил  за пионери и кадети учестуваа дури 150 борачи од Шведска, Иран, Грција, Словачка, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Србија.

Екипата ја водеше тренерот Игор Неделковски со помошникот Мирослав Спировски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО