Витали Кличко: Искуството на Владимир ќе му ја донесе победата над Џошуа

Витали Кличко е сигурен дека неговиот брат Владимир ќе го победи Ентони Џошуа во нивната средба на 29 април во Лондон. Средбата ќе биде за две од светските титули во тешка категорија.

„Владимир успешно ја заврши првата фаза од подготовките. Сега заминува на камп во Австрија, а една недела пред самиот меч ќе отиде во Лондон. Владимир веќе ги одработи тренинзите за физички кондуција, а сега главната задача ќе биде спарингот. Ќе дојдат многу партнери кои имаат сличен стил на борба како Џошуа. Уверен сум дека Владимир повторно ќе се докаже. Неговото искуство ќе го победи младешкиот елан“, информира Витали Кличко.

https://youtu.be/zTYxhq7vUjU

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО