Виктор Постол го шокираше Матис (ВИДЕО)

viktor postol

Лукас Матис (37-4, 34 КО) излезе на рингот во Карсон, Калифорнија, против Виктор Постол (28-0, 12 КО) како фаворит за освојување на испразнетата титула во полувелтер категорија на ВБЦ.

Титулата во оваа категорија остана слободна откако Дени Гарсија помина во велтер категорија.

Веќе се разгледуваше можноста за борба со Мани Пакијао во 2016 година, но украинскиот шампион го расипа тие планови.

Постол пред 5.800 гледачи во 10 рунди го нокаутираше Аргентинецот.

„Почувствува дека нешто ми пукна во окото. Одлучив да го заштитам моето око. Можев да се исправам, но решив да останам долу, за да ги заштитам очите. За мене, како ништо да не се случило вечерва”, изјави Матис по битката.

Во уште еден меч во велтер категорија Антонио Орозко однесе победата со едногласна одлука против повеќекратниот шампион Умберто Сото во 10 рунди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО