Вероника Костовска е петта на ЕП карате првенство, Французинката Сиверт славеше за бронзата

Вероника Костовска (-61 кг) е петта на Европското карате првенство за сениори во Газиантеп во Турција, откако во борбата за бронзениот медал загуби од Лаура Сиверт од Франција со 3-6.

Вероника поведе 1-0, па 2-0 и понесена од желбата дека ја има Сиверт и бронзата тргна во отворена борба но тоа го искористи Французинката и со два ножни удари во глава поведе 2-3 и 2-6. Потоа Костовска освои уште еден поен, но тешко беше да се надополни разликата во краток временски теснец.

Да потсетиме дека Петар Спасеновски (-84 кг) освои бронза отакако славеше со 2-0 против домашниот каратист Оз Мурат, па така Македонија се враќа со еден медал од Европскиот шампионат.

Резултати Европско првенство:

-61 кг
Верника Костовска – Ана Мигу (Германија) 0-7
Репасаж
Верника Костовска – Антеа Стиланиу (Кипар) 6-2
Верника Костовска – (Киа Копонен) Финска 3-0
За борнза
Веромика Костовска – Лаура Сиверт (Франција) 3-6

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО