Фуриозен финиш на Петар Спасеновски за бронзен медал на ЕП

Фуриозни 15 секунди за бронзен медал на Петар Спасеновски (-84 кг) на Европското карате првенство за сениори во Газиантеп во Турција.  Спасеновски со 2-0 славеше против домашниот каратист Оз Мурат, тоа се Вероника Костовска (61 кг) и Петар Спасеновски (84 кг).

Борбата до 15 секунди пред крајот се водеше позиционо без многу акција, за што и двајцата беа казнети.

На 15 секунди пред крајот Петар поведе 1-0, а во на 10 секунди на контра го фати Мурат и поведе со 2-0 за сигуран бронза.

Го очекуваме и настапот на Вероника Костовска за бронзен медал во категоријата до 61 килограм против Французинката Лаура Сиверт.

Резултати Европско првенство:

-84 кг
Петар Спасеновски – Лука Ретенбахер (Австрија) 3-0
Петар Спасеновски – Мерис Муховиќ (Босна и Херцеговина) 1-0
Петар Спасеновски – Ибањез Сајнц-Торе (Шпанија) 3-2
Полуфинале
Петар Спасеновски – Енис Гарибовиќ (Хрватска) 0-3
За бронза
Петар Спасеновски – Оз Мурат (Турција) 2-0 (1-0, 2-0)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО