Вердум му одговори на Миочиќ: Ти си одличен пожарникар!

fabricio werdum face smesen

Откако Стипе Миочиќ и неговиот тим го нападнаа Фабрицио Вердум поради повлекувањето од мечот со него, шампионот во тешка категорија на УФЦ и одговори.

Менаџерот на миочиќ рече дека и покрај промената на противникот на само две недели пред борбата шампионот не треба да бира против кого ќе се бори, а хрватско-американскиот тешкаш на Твитер напиша: „Искрено, на вашето место, ниту јас не би се борел со мене“.

„Ваи Кавало“му испрати на Миочиќ, кој се уште работи како пожарникар, порака преку Твитер: „Кога ќе се опоравам, ќе се борам против тебе било кога. Мислам дека си одличен пожарникар“.

Вердум требаше во реванш на УФЦ 196 да се бори со Каин Веласкез. Откако Американецот се откажа поради повреда, а Миочиќ беше повикан како замена, истото го направи и Вердум, со зајадлива забелешка дека ако бил здрав Веласкез, сепак, ќе се борел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО