Вајт за реваншот меѓу Хабиб и Мек Грегор: Конор ја сака таа борба, ја сакам и јас!

Претседателот на УФЦ Дана Вајт верува дека наскоро ќе се организира реваншот меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор.

Реваншот на двете големи ѕвезди во УФЦ и понатаму е она што Вајт силно го посакува, но за се ќе се прашува Хабиб кој ја има титулата во свои раце.

Неговото враќање во октагон е најавено за во август или септември, а Вајт со последната изјави потврди дека се работи на организација на реваншот.

„Би сакал да има реванш помеѓу Хабиб и Конор. Мек Грегор тоа го сака, сакам и јас“, изјави Вајт, па потоа зборуваше за борбата помеѓу Тони Фергусон и Хабиб кој веќе се откажа неколку пати.

Пет пати пропаѓаше овој меч, па Фергусон за привремниот појас ќе се бори со Џастин Гејџи, додека победникот ќе оди на пресметка со Дагестанецот.

„Не сум сигурен дека борбата помеѓу Хабиб и Тони ќе се одржи оваа година. Се плашам од она што следно може да се случи ако ја закажаме таа борба“.

Со ова Вајт веројатно сака да го „турне“ Мек Грегор пред сите во борбата ситулата, што веројатно нема да биде дочекано со воодушевување.

Инаку, Хабиб го победи Конор во борбата во 2018 година, а после таа борба следуваше апсолутен хаос откако Хабиб скокна од кафезот за да се пресмета со човекот од тимот на Конор, Дилон Данис.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО