Вајт: Хозе Алдо го мрази Конор Мек Грегор!

Aldo Konor

Иако УФЦ ќе направи уште 5 натпревари додека дојде редот на УФЦ 189, претседателот на организацијата, Дана Вајт, едвај воздржа од возбудата по повод големата средба меѓу шампионот во перо категорија, Хозе Алдо и Конор Мек Грегор.

 Вајт изјави дека Бразилецот го мрази Мек Грегор и тоа со причина. Тој, сепак мора да почека до 11 јули, кога ќе може агресивноста да ја искаже против ирскиот претендент за титулата.

 Вајт изгледа возбуден и задоволен од она што се случило до сега.

„Хозе Алдо го мрази Конор Мек Грегор, а Мек Грегор сака нешто што го има Алдо. Ако ги видете постигнувањата на Алдо до овој моментот и посветеноста на Конор – тоа ја прави категоријата многу атрактивна.

 Конор дојде во УФЦ и направи сè што вети дека ќе го направи. Сега прашањето е: ќе успее ли да го победи Хозе Алдо“?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON