Вајлдер сака итна средба со Џошуа

Дионтеј Вајлдер изјави дека сака да договори средба лице в лице со Ентони Џошуа за конечно да договори борба меѓу нив.

„Едноставно не знам што се случува со Џошуа брат. Можеби ќе треба да му се јавам или нешто слично, ќе треба да се сретнеме во Англија, да седнеме со него и да разговарам со вистински маж. Сега сме во оваа ситуација и што да правиме во врска со тоа? Џошуа, јас и ти сме најголемата борба на светот брат. Што правиш? Колку луѓе слушате? Навистина сакам да разговарам со пријателот. Не можам да го слушам дека му треба повеќе време“.

Тимот на Џошуа вели дека борбата со Вајлдер се уште е на врвот на листата, но Еј Џеј најверојатно ќе има уште една борба пред тоа. Френсис Нгану, исто така, е додаден во тешката категорија, а двата тима отворено го таргетираат за своите луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО