Вајлдер: Поветкин не можеше ништо да му направи на Кличко, а јас сум побрз

wilder-stiverne

Светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Дионтеј Вајалдер, изјави дека е подготвен да оди во Русија за да се бори против Александар Поветкин и не се сомнева во победата.

 „Тој не можеше ништо да направи со Кличко, а јас сум многу побрз и атлета. Ако не можеше да се справи со него, како ќе се справи со мене?

Ако успеам да го нокаутирам, нема да има потреба од судиски одлука. Ако бидам убедлив, како со Бермејн Стиворн, тогаш победата ми е загрантирана. Не е важно каде ќе се бориме, тој нема да има предност. Можеме да ја направиме борбата дури и во џунгла“.

Вајлдер ќе се сретне со Поветкин на 21 мај во Москва, Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО