Вајлдер ја покажува силата на отворен тренинг пред одбраната на ВБЦ титулата (ВИДЕО)

Шампионот на ВБЦ Дионтеј Вајлдер (40-0-1, 39 КО) овој викенд по девети пат ќе ја брани титулата светски шампион во тешка категорија.

33-годишниот Американец во Баркли центарот во Њујорк се бори со сонародникот Доминик Бризил (20-1, 18 КО), на кого ова ќе му биде втора борба за светската титула. Во првата во 2016 година беше нокаутиран од Ентони Џошуа и му го нанесе првиот пораз во кариерата.

„Бронзениот бомбардер“ на отворениот тренинг покажа во какво издание се наоѓа пред новата одбрана на титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО