Пулев за бакнежот ќе плати 2.500 долари и ќе посетува курс за сексуално вознемирување

Кубрат Пулев е казнет со 2.500 долари и ќе мора да заврши курс за спречување сексуално вознемирување ако сака да му биде укината суспензијата што ја доби за бакнежот во уста на новинарката Џенифер Равало – Суши среде интервју, без нејзино одобрување.

Државната спортска комисија на Калифорнија го суспендира 37-годишниот боксер во тешка категорија на крајот на март веднаш по победата против Романецот Богдан Дину. Тогаш Пулев ја грабна за лице новинарката на „Вегас спортс дејли“, Џенифер Равало, и страсно ја бакна пред камерата.

Пулев ѝ се извини на новинарката во текот на вчерашното сослушување на кое беше одлучено да му се дозволи повторно да аплицира за боксерска лиценца, ако до 22 јули ги исполни зададените услови.

Ако повтори сличен инцидент, Пулев, најверојатно, доживотно ќе биде суспендиран.

По настанот, новинарката рекла дека била шокирана и понижена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО