Вајлдер излегува со полесен костим за борбата со Фјури

Познатиот дизајнер Космо Лобино подготви специјален нов костим за Дионтеј Вајлдер. Викендов „Бронзениот бомбардер“ излегува по трет пат против Тајсон Фјури во борба за титулата на ВБЦ во тешка категорија. Тие двајца ќе се борат во Лас Вегас.

Минатата година Фјури успеа да доминира со Вајлдер и да го победи со нокаут. Ова се случи откако Вајлдер беше соборен неколку пати. Тогаш Дионтеј бараше изговори за поразот. Тој рече дека бил исцрпен бидејќи имал премногу тежок костум.

Малку подоцна, Вајлдер рече дека Фјури има скриено оружје во ракавиците. Овој викенд, Дионтеј ќе може да бара реванш и ќе даде се од себе за да го постигне тоа.

Во интервју за ТМЗ, Лобино го откри следново за новиот костум на Вајлдер:

„Ќе биде многу полесен и исто така ќе изгледа неверојатно. Вајлдер е многу среќен. Костумот совршено се вклопува. Дионтеј е подготвен да убие!

Црвената боја што ја содржи значи погребување. Ова ќе биде погребот на Тајсон Фјури“.

Се чини дека овој пат Вајлдер нема да може да се оправда со костумот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО