Почина Тронтон по еден и пол месец откако беше нокаутиран (ВИДЕО)

Американецот Џастин Торнтон почина на 38-годишна возраст како последица од нокаутот со кој го загуби својот меч против Дилон Клекер во бокс без ракавици (Bare Knuckle) пред еден и пол месец.

На 20 август во Мисисипи, Торнтон беше нокаутиран само по 19 секунди во рингот и веројатно при падот на земја го повреди ’рбетот. Тој беше делумно парализиран, повредата се инфицирала и по неколкунеделна борба во болница, тој, за жал, почина.

Торнтон во минатото беше и ММА борец. На 24 борби во помалите промоции имаше 6 победи и 18 порази.

Многу организации остро го осудија овох немил настан.

Сепак, официјалната причина за смртта беше пневмонија.

„Наметнавме многу прописи, но овие настани не ги исполнуваат минималните барања на медицинските лица. Во овој спорт, повредите на главата може да бидат фатални и не е сериозно да бидат лесно игнорирани од промоторите“, стои во мислењето на Здружението на боксерски комисии.

Еден од проблемите во овој случај е тоа што различни држави имаат различни закони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО