Вајлдер: Херн и Џошуа ми завидуваат – тврдеа дека средбата со Фјури нема да се одржи

Дионтеј Вајлдер му се потсмеа на Ентони Џошуа дека ќе му завидува кога ќе го види на средба со Тајсон Фјури во Лас Вегас.

Фјури пак рече дека Еди Херн едноставно не би го прифатил фактот дека нема да има замешано прст во „најголемата борба на светот“.

Поранешниот светски шампион во ноември ќе се сретне со ВБЦ шампионот во тешка категорија Вајлдер, борба која ќе тежи повеќе од 30 милиони фунти.

„Завидуваат. Чувството е добро. Дури кога ја објавивме борбата, беа скептични и не мислеа дека тоа ќе се случи“, рече Вајлдер, а се надоврза и Фјури:

„Најголемата средба во светот ќе се одржи и Еди Херн нема да има замешано прст во неа – јас не мислам дека може да го поднесе тоа“.

ВБА, ИБО, ВБО и ИБФ шампионот Ентони Џошуа не успеа да се договори за дуел со Дионтеј Вајлдер оваа година и следниот месец ќе се бори против Александар Поветкин.

Се зборувашедека тие најверојатно ќе се сретнат во април, ако Вајлдер го победи Фјури, но Американецот верува дека Џошуа веќе има други планови.

„На Тајсон му стана непријатно што луѓето се подигруваа со Британија, а тоа е поради фарсата околу Џошуа“.

„Тој е многу разочаран од начинот на кој Џошуа ги заведува луѓето“.

„Навистина си го извалка името. Не и кариерата, се разбира, затоа што се уште има шанси да ги поправи работите, но ќе му остане обременето името. Изгледа се едно им е“.

Вајлдер немаше намера да се појави на мерењето на Фјури пред да се бори со Франческо Панета, но се премисли кога пристигна во Белфаст.

Се сретнаа и во хотелот пред Вајлдер да има средба ВБо шампионот и пријател на Фјури, Били Џо Сандерс во еден локален ресторан.

Можеби сето тоа е само една голема игра, но го зголемува интересот за претстојната битка што ќе се одржи на 10 или 17 ноември.

„Мислам дека ова ќе биде многу поголем меч од тој со Џошуа, ако ме прашате мене“, рече Вајлдер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО