Фјури: Ано не верував дека може да го победам Вајлдер, ќе се откажам и ќе се пензионирам

Тајсон Фјури (27-0, 19 KO) инсистира на тоа дека токму неговата чест ќе биде движечката сила во борбата со Дионтеј Вајлдер (40-0, 39 KO).

Фјури во ноември ќе отпатува во Лас Вегас, за да се сретне со шампионот на ВБЦ во тешка категорија Вајлдер, во третатас средба по враќањето во рингот.

30-годишниот боксер успеа да го порази Франческо Панета во текот на викендот и го обезбеди мечот со шампионот.

Но, Фјури тврди дека ќе се бори за чест, а не за пари.

„Не влегувам во оваа борба за парите. Не би загубил, во 100 милиони фунти. Никој не може да ме натера да одам во Вегас за пари и да изгубам“.

„Ако не верував дека ќе победам, ќе се откажам и ќе се пензионирам. Не боксирам за да бидам втор на ранг-листата, итн. Боксирам за да сум најдобар“.

„Ако не сум доволно добар, да биде така. Ја прифаќам таа средба, зашто знам дека можам да победам. Познавам милионери и милијардери – парите не ме мотивираат.

„Ќе отдам во Вегас без пари и ќе се борам против Вајлдер. Претпочитам да заминам без пари, но да победам, наместо да загубам и да освојам 200 милијарди фунти“.

Вајлдер победиво 39 од своите 40 натпревари, но Фјури нема да ги остави работите во рацете на судбината.

Тој ќе направи краток одмор пред да почне да се подготвува за средбата со Вајлдер, и ќе се обиде да симне уште некој килограм.

„Му ветив на моето семејство, ќе одиме на цигански одмор, така ќе го измијам караванот и тргнуваме на пат“.

Вајлдер само еднаш се бореше оваа година, во март, кога успеа да го победи непоразениот Луис Ортиз во Њујорк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО