Даниел Кормиер му го „спушти“ на Брок Леснар по губењето на титулата во ВВЕ

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија, Брок Леснар, ја загуби Универзалната титула на ВВЕ на летното натпреварување од Роман Риџнс. Сите очекуваа дека Леснар ќе изгуби, бидејќи ќе се концентрира на подготовките за борбата во кафезот со Даниел Кормиер, кој ќе брани титулата во тешка категорија. ДК не пропушти да се зајаде со Брок по поразот.

„Нема веќе титула за Брок, сега може да дојде и да ја гледа мојата. Жалам Брок, но резултатот ќе биде ист“.

Во моментот Леснар се уште е под суспензија на УСАДА, а казната истекува на крајот од годината. Нивната бобра се очекува да биде во јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО