Кеикс ги заврши подготовките во Банско, се очекуваат добри резултати во оваа сезона (ФОТО)

Карате клубот Кеикс ги одржа висинските подготовки за претстојната сезона во Банско-Бугарија, а првата проверка за сработеното е Државното сениорско првенство во почетокот на септември, потоа следи Премиер лигата во Берлин, Германија.

„Ја исполнивме програмската активност која ни беше дел од планот за летните подготовки. Задоволен сум од постигнатото на овие подготовки. Се подготвувавме со нашиот најдобар состав, а условите и атмосферата беа на највисоко ниво, при што нашите натпреварувачи го дадоа максимумот. Продолжуваме со подготовките во Скопје за претстојната сезона која е исполнета со многу натпревари. Фокусирани сме максимумот го дадеме на најголемите и најважните натпревари, а се надеваме дека ќе имаме добри спортски резултати“, вели тренерот Елвир Куртановиќ.

Во знак на поддршка на натпреварувачите на подготовките присуствувало претседателството на клубот.

„Сите заедно донесовме одлука дека подготовките се важен дел на патот до врвниот спортски резултат и дека подготовките ќе ги повториме и во зимскиот период, како основа за добра психо-физичка подготвеност во 2019 година“, истакна Куртановиќ.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО