ВБЦ шампионот во тешка категорија Дионтеј Вајлдер го нарече Ентони Џошуа кукавица, бидејќи не се согласил да се борат, пред да се сретне со следниот противник Тајсон Фјури.
Тимот на Џошуа не одговори веднаш на оваа клевета. Во меѓувреме, Вајлдер и Фјури ја почнаа промотивна турнеја од Лондон, а ќе се борат во Лос Анџелес на 1 декември.
Џошуа водеше преговори со тимот на Вајлдер, за да ја организираат евентуалната средба од која требаше да произлезе апсолутниот шампион.
Но, сè се урна, а двете страни почнаа да се обвинуваат. Наместо тоа, Џошуа се бореше со Рускинот Александар Поветкин, кого го победи. Само неколку часа порано Вајлдер и Фури најавија дека ќе се борат, привлекувајќи го вниманието на бокс навивачите.
„Еј, Џошуа, со Фјури ќе пробаме да дознаеме кој е најголемиот и најопасниот во светот, да видиме кој е шампион. Нешто, што тебе ти е страв да го направиш“.
„Ти беше кукавица и го знаеш тоа. И твојот тим го знае тоа. Сите ги изманипулиравте. Лажливци“!
Набргу по оваа изјава, Вајлдер и Фјури беа растргнати поради конфликт на прес-конференцијата. 30-годишниот Фјури се бореше по неговото официјално враќање во рингот. Во август го победи Франческо Пијанета на поени.
„Не чувствувам ништо. Чувствувам како ќе му ја смачкам муцката на Вајлдер“, рече Фјури и додаде: „Сите се тука да ја видат најголемата битка на нашата генерација. Сите со нетрпение ја очекуваат“.