Владимир Кличко си има нова девојка

Поранешниот украински боксер Владимир Кличко стана еден од најпосакуваните мажи, откако стана јасно дека стави крај на врската со холивудската актерка Хајден Пенетир со која има ќерка.

Сега се дозна дека 42-годишниот Украинец има нова девојка во негова близина. Очигледно неговиот вкус е променет. Според информациите, Кличко излегува со боксерката Сесилија Брекхус.

Сесилија, 37 години, е родена во Колумбија, но пет години живее во Норвешка. На 13 години била кикбоксерка, но потоа се префрла во боксот. Во аматерскиот ринг има 75 победи од 80 мечеви.

За да се префрли во професионалци, Брекхус се пресели во Германија. Во 2017 година е прогласена за боксер на годината. Таа е првата жена која станува апсолутен светски шампион  и успева да ги обедини титулите на сите боксерски федерации – ВБА, ВБЦ, ВБО, ИБФ, ИБО.

На професионалниот ринг Сесилија Брекхус е непобедлива – 34 победи од 34 натпревари (9 со нокаут). Од 2015 година, таа е дел од промотивната компанија на браќата Кличко – К2 промоција. Поради ова, таа често го посетува Киев, каде што пламнала љубовта со Владимир Кличко.

Таа присуствуваше на сите последни мечеви на Украинецот, како посебен гостин.

Се започна со бакнеж, но заврши со … (видео)

Боксерката го изненади својот ривал со … бакнеж (видео + фотографии)

https://youtu.be/pVoT1gpFl5U

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО