Узбекистанецот Кожиев убил доктор во САД поради расправа за вакцината против Ковид 19

Узбекистанскиот ММА Борец, Акмал Кожиев е обвинет за убиство на доктор откако двајцата имале бурна расправија за вакцините против Ковид-19.

Немилиот настан се случил во градот Гуам во САД каде 27 годишниот Коџиев прво со животинска коска го прободил во вратот Миран Рибати кој бил локален радиолог.

Откако првично му задал повреда со коската, Кожиев од зад грб му нанел смртоносни повреди со нож.

Полицијата го нашла Рибати во локва крв, а веднаш потоа Коџиев бил уапсен и во моментов се наоѓа во полициска станица, иако медиумите во САД пренесуваат дека голема е веројатноста тој барем привремено да излезе на слобода со кауција.

Кожиев кој бил познат и по надимакот „АК47“ бил професионален ММА борец со шест борби зад своето име, а во последно време работел и во фитнес центар како професионален тренер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО