ВБЦ се откажа да нареди борба Фјури-Вајт

Светскиот боксерски совет (ВБЦ) засега нема да нареди задолжителна одбрана на светската титула на Тајсон Фјури против Дилиен Вајт.

Официјалниот предизвикувач уште еднаш не го доби она што го сакаше, трпеливо со години чекајќи шанса за појасот на организацијата.

Објаснуваат дека се чека одлука од Спортскиот арбитражен суд. Многумина веднаш се посомневаа дека не сакаат да му договараат задолжителен меч на „Кралот на Ромите“, кој веќе е навикнат да се бори еднаш годишно и веројатно сака да го чека победникот од Александар Усик – Ентони Џошуа.

Ова би била најголемата борба во тешка категорија во последните 20 години, а Фјури ќе ризикува со Дилиен.

Сепак, сето тоа е неважно, бидејќи според правилата, Вајт требаше да добие официјална наредба за борба или да му го одземат појасот на светскиот шампион.

Сепак, ВБЦ направи неочекуван потег и сега се очекува лута ерупција од британскиот предизвикувач.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО