Петар Заборски во добро издание на Светското првенство со три победи

Петар Заборски со најдобар настап на Светското карате првенство во Дубаи, ОАЕ. Заборски извојува три победи, а за пласман во четвртфиналето загуби минимално 3-4 од Белгијанецот Квентин Маходен.

Петар прво славеше против Алекс Мезес од Боливија 1-0, потоа 3-2 над Карлос Баргадос од Шпанија и 1-0 со Енес Гарибовиќ од Хрватска.

По слабите резултати од утрово, одличното издание на Петар Заборски дава надеж дека нашите каратисти може да се изборат за поволен резултат на СП.

Петар сега ќе навива за Маходен да велзе во финалето, за да добие шанса во репасажот. Засега Белгиецот е во полуфинале.

Дополнување: Квентин загуби во полуфиналето од Мамдух Абделазиз од Египет 0-3.

На СП ќе настапат 1054 натпреварувачи од 117 држави.

Резултати Светско првенство:

Мажи
-75 кг
Петар Заборски – Алекс Мезес (Боливија) 1-0
Петар Заборски – Карлос Баргадос (Шпанија) 3-2
Петар Заборски – Енес Гарибовиќ (Хрватска) 1-0
Петар Заборски – Квентин Маходен (Белгија) 3-4

-84 кг
Берат Јакупи – Анур Бугрин (Белгија) 0-1
+84 кг
Жарко Арсовски – Роб Тимерманс (Куракао) 1-1

жени
-68 кг
Ангела Мојсовска – Марина Раковиќ (Црна Гора) 4-5
+68 кг
Симона Симовска – Софи Абилд (Данска) 4-1
Симона Симовска – Сирус Лингл (САД) 0-2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО