Успешно завршени подготовки на 7 Мај со три медали на борачките од турнирот во Приштина

БК 7 Мај успешно ги заврши подготовките на борачките од 4 до 07 октомври во Приштина, Косово.

„На подготовките учествуваа македонската и косовската женска репрезентација. Прилепските борачки и македонски репрезентативки по завршувањето на подготовките учествуваа на меѓународен турнир во борење во Приштина и забележаа одлични резултати.

Ангела Трајкоска го освои златнио медал во категорија до 50кг, Анабела Стојаноска беше трета во категоријата до 50кг,Тамара Цветкоска го освои златнио медал во категорија 61кг и беше избрана за најдобар странски борач на турнирот“, тренерите Стојанчо Тушески и Теодор Темелковски, истакнувајќи дека се задоволни од прикажаните борби на турнирот и дека веќе следната недела клубот 7 Мај ќе има нов предизвик меѓународен турнир во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON