Успешен настап на Миоки во Романија – освоени се 5 одличја

На Меѓународниот џудо турнир во Дробета Турну Северин – Романија, што се одржа вчера, Миоки од Скопје имаше исклучително успешен настап освојувајќи 5 одличја – 1 златен, 2 сребрени и 2 бронзени медали.

Со медали се закитија:

Ерик Крстев, У-12 (-46 кг) – второ место
Петар Давчев, У-14 (-55 кг) – второ место
Марко Панчевски, У14 (-55 кг) – трето место
Георгина Блажевска, У-16 (-44 кг) – прво место
Ива Богдановска, У-16 (-52 кг) – трето место

Од клубот се задоволни со прикажаните борби и оставрените резултати. Продолжуваат со интензивни тренинзи за усовршување на кондиционо-техничката форма на џудистите, со уште поголеми очекувања на наредните натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО