Усик за Украинците не беше патриот, сега е непријател на проруското население на Крим

И тоа го доживеа шампионот во тешка категорија, Александер Усик, од своите да биде прогалсен за непријател, односно да ја загуби поддршката на неговиот роден крај, откако Советот на Крим му ја одзеде титулата „почесен работник во физичката култура и спортот на Крим“.

Усик (35) , кој се подготвува за реваншот со Ентони Џошуа, е роден во Симферопол, на Крим, но во последните години со семејството живее во Киев. Токму поради овој факт пред војната во Украина, пред се од браќата Кличко, од Украинците беше обвинуван дека не е доволно голем патриот заедно со неговиот близок пријател, Васили Ломаченко и и забележуваа дека не го покажуваат ураинското знаме. Но откако се вратија во Украина и се пријавија во територијалната одбрана, станаа непријатели на Русија и на проруското население во земјата.

Советот на Крим одлучи дека Усик, заедно со поранешните украински претседатели Леонид Кравчук и Леонид Кучма не се „достојни“ за да ја носат нивната почест.

„Тоа е се луѓе кои ја поддржуват водената и енергетската блокада на Крим, кои се противат на нашето легитимно соединување со Русија, и луѓе кои се потемнети од русофобија. Такви луѓе не треба да ги носиме во добри сеќавања“, изјави претседателот на Парламентот на Крим, Владимир Константинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО