Усик: Подготвен сум да го прегазам Антартикот за борба со Гасиев

Се очекува наскоро да бидат објавени датумот и местото на одржувањето Светската боксерска супер серија на турнирот во крузер категорија.

Мурат Гасиев (26-0, 19 КО) и Олександр Усик (14-0, 11 КО) требаше да се борат за сите појаси во мај во Саудиска Арабија, но Украинецот на подготвките си ја повреди раката и борбата беше одложена.

Руската боксерска федерација и понуди на организаторите голема сума за да биде домаќин на мечот и планира настанот да го одржи на 21 јули.

Украинецот Усик, кој беше шампион на ВБЦ и ВБО, пред два месеци рече дека нема намера да се бори во Русија.

„Најверојатно ќе бидам подготвен за крајот на јуни или почетокот на јули и борбата нема да има во Русија. Се разбира, таа би можела да се одржи во Русија, но без Олександар Усик“, рече во април.

Но, олимпискиот победник од Лондон се премисли.

„Подготвен сум да го прегазам и Антарктикот, ако треба. Чекам информации за местото и датумот и тоа ќе го дознаам наскоро“, изјави за Меч.

„Имам два појаси, Мурат има два. Ми треба оваа борба. Го чекаме писмото од организаторите на WBSS/ВБСС во врска со местото на одржување на финалето. Подготвен сум да оди каде било во светот. Поточно, го сакам Мурат Гасиев. Ако еден од нас двајцата не е во финалето, тогаш целиот турнирот е бесмислен. Ја сакам оваа борба, а сигурен сум дека и Мурат го сака истото. И многу бокс-фанови чекаат на ова“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО