Усик најверојатно останува без ВБА титулата, откако му наредија борба со Лебедев

Неспорниот светски првак во тешка категорија Александр Усик полека ќе почне да останува без неговите појаси.
Олимпискиот победник во Лондон планира преселба во тешка категорија, а првата федерација која го повлече потег е Светската боксерска асоцијација (ВБА).
ВБА му нареди задолжителна одбрана на титулата на Усик против „правкот во мирување“ Денис Лебедев.
Закажано е и поднесување на понуди за 28 март во седиштето на федерацијата во Панама Сити.
Своите понуди може да ги дадат сите промотори регистрирани во ВБА, а минималната понуда е 400.000 долари.
Но, сето тоа ќе вреди само ако дојде до борба, а за тоа мали се шансите.

Украинецот ќе боксира на 18 мај и тоа ќе биде неговото деби во тешка категорија, што значи дека најверојатно ќе ја ослободи титулата на ВБА.

https://twitter.com/MichaelBensonn/status/1108332039739195392?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fboks-novini%2Fwba-narediha-usyk-da-se-bie-s-lebedev

Треба да се истакне дека ВБА во овој момент има неверојатни четири шампиони во категоријата до 90,7 килограми. Усик е „супер“ шампион, Бејбут Шуменов „регуларен“ првак, Арсен Гуламиријам е привремен шампион, а Лебедев „шампион во мирување“ кој има право да се бори за титулата кога ќе посака.

Ако дојде до палнираното сценарио, менаџерот на Лебедев, Влад Хорунов, е подготвен да организра реванш меч со Мурат Гасиев, од кого Денис загуби со судиска одлука. Но, и ова може да пропадне, бидејќи Гасиев најавува премин во тешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО