Управниот одбор на ФБСМ ќе донесе одлука за шампионот на Македонија

Tome Kocev - Stip

По полемиките кој треба да се прогласи државен првак во борење во сениорска конкуренција, одговор даде претседателот на Лига одборот на ФБСМ, Томе Коцев, некогашен боречки ас.

„Пред Собранието на ФБСМ, Лирија јавно кажа дека за неа напреварите се завршени. Исто така и Бучим, а тоа го прифати и Балканец. Тоа значи, шампинот на Македонија треба да се одреди според резултатите од првите два турнири во сениорска конкуренција. Која екипа има најјмногу бодови, таа ќе биде и шампион.за 2015 година“, вели Томе Коцев, додавајќи дека конечна одлука ќе донесе УО на ФБСМ.

Треба да се очекува, претседателот на ФБСМ, пехарот на Балканец за најдобра сениорска екипа да го врачи на 19 декември, Денот на Штип, односно Свети Никола.Балканец е најдобар во првите два турнири..
Томе Коцев е член на потесното раководство на Балканец.Тој има свое мислење за состојбите во Балканец..

„Слушам, на 9 декември било закажано ново Собрание. Не сакам да придонесам страстите да се зовриваат. Само ќе предложам начини да се надминат состојбите, што е во интерес на борењето. Јас предлагам редовното Собрание да се одржи во месец мај идната година. Дотогаш, треба да се изготви Статут на клубот- кој може да биде делегат и- кој може да гласа? Исто така, мора да се предвиди – да има јавен конкурс за претседател на клубот,кој ќе понуди програма за работа. Не може. да се повикуваат луѓе од улица на Собранието и да гласаат..Балканец е заштитен знак за Штип и сите поранешни и сегашни борачи треба да дадеме придонес за надминување на состојбите во клубот“, заклучи Томе Коцев,.додавајќи дека секој поранешен и сегашен борач може да биде активен член на клубот.

Ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО