Димоска, Османи, Исмаил и Исиќ втори и трети на ранг листата на ВКФ Карате 1

Marijana dimoska na Nikon open

Маријана Димоска, Доан Османи, Азиз Исмаил, Ферри Исиќ се рангирани меѓу првите тројца на Карате 1 рангирањето за јуниори и јуниори до 21 година на Светската карате федерација (ВКФ) во 2015 година.

Маријана Димоска е трета во кати во јуниорска конкуренција со 198 бода, а пред неа се Словенката Маша Симониќ – 342 и Кристина Винингер од Австрија – 258, додека нејзината сестра Мишела е петта со 120 поени.

Screenshot 2015-12-03 19.56.25

Доан Османи од КК Фати е втор во категоријата – 76 кг во јуниори со 234 бода, додека на првата позиција е Себастијан Олзари од Аргентина -318 и на третата е Стефан Јоксимовиќ од Словенија-198. Петар Спасеновски е на седмата позиција со 60 поени, Петар Заборски девети со 60 бода, а Глигор Станоев со12 е 12-ти.

Arlind so Doan na prizren 2015

Во категоријата над 76 кг Андреј Ристески е седми со 36 поени.

Azis Ismail prv na drzavno

Азис Исмаил (-75 кг) е трет во јуниори до 21 година со 150 бода, а пред него се Андреј Ганзен од Русија со 318 и Кармине Маркусо од Италија 210, додека Мартин Ристовски е шести со 72, а Фери Исиќ го дели седмото место со 12. Во категоријата над 84 кг Емануел Ристевски е втор со 210 бода.

Screenshot 2015-12-03 20.09.44

Ферри Исиќ го дели третото место во кати во У-21 со 174 бода, а на првата позиција е Сајед Мохамед Абдулсалим од Египет со 318 поени и Хо Чеунг Ју од Хонг Конг – 234.

Feri na piedestal

Вчера пишувавме дека Симона Заборска од КК Макпетрол е прворангирана на листата на Карате 1 Премиер лигата во 2015 година за јуниори до 21 година со 294 бода. Емануел Ристесвки (+84 кг, У-21) дека е втор со 210 бода.

Моника Пендаровска (-53 кг) кај јуниорките е третопласирана со 174 поени, пред неа се Алја Махмутовиќ од Босна и Херцеговина со 318, Шиау Шунг Гу од Тајпеј 234, а со Франческа Каваларо од Италија го дели третото место исти број на поени.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО