Унијата на карате ветераните на Македонија додели признанија на новинари и спортски дејци

Вчера во Скопје по повод 15- години од основањето и активното работење на Унијата на карате ветераните на Македонија, при што на новинари и заслужни поединици за афирмацијата и помагање на карате спортот им беа доделени признанија. На средабата насловена како „Годишна средба со новинари и спортски дејци“.

Пртесдателот на УКВМ, проф. д-р Чедомир Саздовски зборуваше за основањето на Унијата, за досегашните три средби на карате генерациите, воспоставената соработка со слични здруженија на карате ветераните од балканските земји, како и за плановите за учества на меѓународни турнири за ветерани, организација на научно-стручен симпозиум за боречки спортови и вештини со акцент на каратето.

За проектот: „Карате во Македонија од боречка вештина до олимписки спорт“, беше прикажан дел од работниот материјал / филмот за каратето во Македонија.

Признанија им беа доделени на почесниот претседател на МОК Васил Тупурковски, на Костовски Трифун – долгогодишен помагател на спортот во Македонија на преседателот на МОК, Даниел Димовски, на Владимир Богоевски, признание на Агенцијата за мласи и спорт, на Зоран Михајлов, на Луиза Гашева Фрост – европска карате шампионка, на Миодраг Мицковиќ, на Љубомир Гајдов, Бранко Радовановиќ, Златко Калински, Зоран Видевски, Мијалче Дургутов, Наташа Петровска Дургутов, Јован Текоски-сопственик на ресторанот Братски мерак и помагател на каратето.

Почесни данови 1-ви дан данија: Трифун Костовски, Васил Тупурковски, Даниел Димевски, Владимир Богоевски и Борче Димовски.

Со едноминутно молчење им беше оддадена почит на оние кои го напуштија овоземскиот живот: проф. Д-р Атанас Кајчевски-основоположник на Каратето во Македонија;

новинарите: Мирослав Наумовски Лав, Александар Стиков, Маргица Николовска

каратистите: Димче Кичевски, Валдимир Бошков, Никола Грдановски – Нике, Драган Савиќ – Ѓоле, Добре Кралевски, Димче Спасев – Џанго, Марјан Свилечиќ, Милан Башески, Златко Богески – Ѕвер, Атанас Филиповски, Властимир Јовановиќ, Елвир Аломеровиќ;

функционерите: Васил Костојчиновски, Тихомир Ѓоргиоски, Богдан Муратовиќ, Александар Нацевски, Иван Јовчев, Атанас Трајковски, Борче Талевски и почесниот претседател на Унијата на карате ветерани, Круме Спиркоски – Џемо, кој се упокои пред еден месец.

Видео: Скок

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО