Умре тренерот на браќата Кличко

rakkavici

Еден од најголемите и најпознатите тренери боксерски тренер Фриц Здуњек почина во 67 година.

Како то изјави шефот на германската асоцијација на професионален боксери Томас Пиц за агенцијата ДПА, Здуњек починал од срцев удар.

„Светот на боксотизгуби голема личност“, вели Пиц.

Здуњек е најпознат како тренер на шампионите во тешка категорија, браќата Виталиј и Владимир Кличко. Меѓу другото, тој беше тренер и на поранешениот шампион во средна категорија, Феликс Штурм кој порано се викаше Аднан Ќатиќ. Го тренираше и шампионот во полутешка категорија Дариуш Михалчевски.

Како тренер во Источна Германија, тој работел и со Андреас Цилов, кој освои златен медал на Олимписките игри во 1988 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО