Украински самбо шампион загина во бомбардирање со целото семејство!

Украинскиот шампион во самбо, Артјом Применко, е уште една спортска жртва во воената агресија на Русија врз соседната земја.

Станува збор за екстремно талентиран спортист, кој со само 16 години стана најдобар во својата држава, а беше и еден од најперспективните во овој спорт во светот. Информацијата за неговото загинување ја објави неговиот тренер, Евгениј Леоненко.

Применко загинал при бомбардирањето на руската артилерија на неговиот роден град Суми, а трагедијата да биде уште поголема заедно со него загинало речиси и целото негово семејство – татко му, мајка му, баба му заедно со двајцата помали браќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО