Камару Усман: Ќе видиме колку е добар борец

Шампионот на УФЦ во полусредна категорија Камару Усман едвај чека да види колку навистина е добар Хамзат Чимаев. Неодамна беше објавена следната битка на Чимаев која ќе се одржи на 9 април на Флорида. Противник ќе му биде бразилската ѕвезда Жилберт Барнс.

„Борз“ има скор од 10-0 во ММА и има 4 победи под закрила на УФЦ. Многумина веруваат дека ќе стане шампион, но Усман вели дека Чимаев допрва треба да се докажува.

„Хамзат добро се бори, ми се допаѓа. Што се однесува до неговата борба со Жилберт Барнс, мислам дека ќе биде многу тешко. На крајот, Хамзат всушност не помина вистински тестови.

Да, тој ја заврши својата работа и ја заврши како што треба, но Жилберт е борец на поинакво ниво.

Мислам дека ако битката не заврши во првата или втората рунда, ќе видиме како Хамзат ќе се справи со тешките предизвици. Ќе видиме колку е добар борец“, рече во интервју за ЕСПН ММА Усман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО