ИН МЕМОРИАМ: Тони Танчев беше дел од златната генерација на БК Бучим

Вчера во Радовиш изнендано почина Тони Танчев кој беше дел од златната генерација на БК Бучим (Бучим Јака), односно во 1996 година ја освоија светската клупска титула во борење, а е дна година порано и европската.

Танчев беше репрезентативец на Македонија во борење, но и селектор на репрезентацијата до 23 години, а од пред неколку години го формира „Бучим Шампиони“ од Конче, Радовиш.

Тони Танчев во 2018 година настапи на на Светското првенство за ветерани во Скопје и имаше борба за бронзениот медал со Унгарецот Кароли Сипеки.

Тони Тачев е еден од најдобрите борачи на Радовиш и Македонија.

Бог да го прости. Вечна му слава. Вечен да е споменот за него.

Сочувство до семејството.

Погребот е денес на гробиштата во Радовиш. Од 14 до 15 часот ќе биде изложен во капелата, а погребот е во 15 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО