УФЦ му ја одзеде титулата на Конор Мек Грегор, а тој побесене

Ирецот Конор Мек Грегор веќе не е шампион во УФЦ, рече шефот на организацијата Дана Вајт. Тој не се борел од ноември 2016 година и така и не закажа меч за одбрана на титулата.

Неговиот последен настап беше во август, кога натсапи во бокс меч против Флојд Мејведер. Мек Грегор се очекува да се појави во рингот оваа година, но веќе нема да биде шампион. Како што можеше да се очекува, веста не му се допадна на Ирецот.

„Не можете да добиете ништо“, пишува Мек Грегор, користејќи вулгарен збор кој опишува женски орган за секс.

По ова лудуваше во Бруклин напаѓајќи го минибусот со борците за УФЦ 223, а во кој беше и Хабиб Нурмагомедов.

https://youtu.be/UPts_Qf5HYw

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО