Најголемата промоторска организација за ММА во светот, УФЦ, постојано успешно го напаѓа европскиот пазар. Откако пред помалку од еден месец организираше настан во Хрватска, а денеска ќе одржи во Холандија, од УФЦ официјално најавија уште едно натпреварување, кое ќе се одржи на Стариот континент, во Германија.
Турнирот ќе се одржи во Хамбург, се споменуваат имиња за учество на турнирот како: Денис Сивер, Паскал Краус, Ник Хајн и 23 годишниот Џесин Ајари.
Боречкиот спектакл ќе се одржи во салата „Barclaycard“, која собира до 16 000 навивачи, а билетите ќе бидат во продажба од 27 мај.