Со 8 златни медали ТКД Бутел е најуспешната екипа на „Топ Тирана опен“ (ВИДЕО)

Butel Tirana open 2016 site

Таеквондо клубот Бутел е севкупен победник и во сениорска екипна конкуренција и во јуниорска и ги освои двата златни пехари на Меѓународниот турнир „Топ Тирана опен“ во Албанија.

Бутел настапи со 10 натпреварувачи и освои 8 златни медали во класа А црни појаси. Натпреварувачите на клубот вкупно имаа 27 борби – 26 победи и само еден пораз. Освоените медали се заслужени, бидејќи таеквондистите на Бутел имаа по најмалку три победи, а некои и по пет.

Butel Tirana open 2016 Dejan

Златни медали освоија: Костадин Георгиевски – сениор -74 кг со три победи, Марко Стевиќ – сениор – апсолутна категорија со две победи,  Дејан Георгиевски – јуниор – апсолутна категорија со две победи, Филип Додевски – јуниор -73 кг со две победи, Ненад Мрцковски –  јуниор -55 кг со три победи, Ана Марија Георгиевска – јуниор со две победи,  Мери Ацевска – јуниор со две победи, Марко Аврамовски – кадет со пет победи.

 Филип Стаменов – кадет со три победи бронза, но морал да ја откаже во полуфиналната борба, зашто се паднал со клупски другар. Иван Крстевски – јуниор со една победа и еден пораз- бронзен медал.

Butel Tirana open 2016 darko

На Европскиот куп „Топ Тирана опен“ учествуваа над 500 натпреварувачи од 70 клубови од цела Европа.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО