УФЦ 225: Витакер тешко до победата против Ромеро, Ковингтон привремен првак (ВИДЕО)

Роберт Витакер (20-4, 11-2 УФЦ) во главната борба на УФЦ 225 во Чикаго по втор пат го победи Јоел Ромеро (13-3, 9-2 УФЦ).

27-годишниот Австралиец во тежок натпревар на почеток ја повреди десната рака победи со поделена одлука на судиите (47-48, 48-47, 48-47). Ромеро имаше одлична завршница на борбата во која го соборуваше Витакер со лево кроше и го нападна со граунд и паунд, но не успеа да стигне до победата.

Бидејќи 41-годишниот Кубанец беше претежок на мерењето појасот за титулата во средна категорија не беше влог во оваа борба.

https://youtu.be/iWAalTRcsFw

Колби Ковингтон (13-1, 8-1 УФЦ) ја освои привремената титула во велтер категорија по 5 рунди со поранешниот шампион во лесна категоријаРафаел дош Ањош (28-9, 17-7 УФЦ). Американцот побди со одлука на судиите (49-46, 48-47, 48-47).

https://youtu.be/bjgcuunZfV0

Таи Туиваса (10-0, 3 КО) го задржа својот официјално непоразен скор побдувајќи со едногласна одлука поранешниот шампион во тешка категорија Андреј Арловски (27-16, 16-10 UFC).

https://youtu.be/dFUwEKG2OdU

На ист начин Холи Холм славеше против Меган Андерсон, додека кечерската ѕвезда ЦМ Панк е поразен и во вториот меч во УФЦ. Успеа да преживее до крајот, но е декласиран во мечот со Мајк Џексон (1-1, 1-1 УФЦ).

Ентони Смит (28-134, 4-2 УФЦ) во своето деби во полутешка категорија за 53 секунди со колено од клинч го нокаутира поранешниот шампион Рашад Еванс (19-8-1, 14-8-1 УФЦ).

Кертис Блајдес (10-1-1НЦ, 6-1-1 УФЦ) во третата рунда го нокаутира Оверем (43-17, 8-6 УФЦ), Мирсад Бектиќ (13-1, 6-1 УФЦ) дојде до победа на кариерата победувајќи го тешко со поделена одлука на судиите поранешниот предизвикувач за титулата Рикардо Ламас (18-7, 9-5 УФЦ).

УФЦ 225:
Роберт Виткер – Јоел Ромеро (поделена на одлука на судиите)
Колби Ковингтон – Рафаел дош Ањош (едногласна одлука на судиите)
Холи Холм – Меган Андерсон (едногласна одлука на судиите)
Таи Туиваса – Андреј Арловски (едногласна одлука на судиите)
Мајк Џексон – ЦМ Панк (едногласна одлука на судиите)

Кертис Блајдес – Алистер Оверем (ТКО, Р3)
Клаудија Гаделха – Карла Еспарза (поделена одлука на судиите)
Мирсад Бектиќ – Рикардо Ламас (поделена одлука на судиите)
Крис де ла Роха – Рашад Култер (ТКО, Р2)
Ентони Смит – Рашад Еванс (КО, Р1)
Серхио Петис – Џозеф Бонавидез (поделена одлука на судиите)
Чарлс Оливеира – Клеј Гвида (сабмишн, гилотина, Р1)
Ден Иге – Мајк Сантијаго (TKO, Р1)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО